петок, 2 октомври 2009

Мајкл Овен ќе отсуствува само една недела:


29 годишниот напаѓач со поткривнување го напушти натпреварот против Волфзбург во средата откако заработи повреда на препоните.

Тогаш менаџерот на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон откри дека Овен ќе пропушти околу три недели.

Но на денешната прес-конференција во пресрет на дуелот со Сандерленд, Шкотот рече дека повредата на Овен не е сериозна како првичните прогнози и напаѓачот ќе отсуствува само една недела.

“Повредата не е сериозна како што најпрво мислевме. Тогаш сакавме да бидеме претпазливи, но тој ќе отсуствува само една недела.” – рече Ферги.

“Тој пропушти еден тренинг пред дуелот со Волфзбург и можеби не требаше да го пуштиме во игра. Но сакавме тој да настапи а и тој сакаше да игра.”

“Тој ќе биде подготвен за дуелот со Болтон (17 октомври) и ние сме задоволни со тоа.”

Сер Алекс исто така откри дека голманот Едвин ван дер Сак ’не е далеку’ од враќање на терените, додека пак бекот Рафаел ’тренира добро’.

“Имаме силен состав. Проблемот со тоа што ги имаме сите играчи фит е избирањето на правиот тим.”

Главната дилема за Ферги е изборот на играчи за во средниот ред откако Мајкл Керик и Андерсон имаа одличен натпревар против Волфзбург а Сколс и Флечер против Стоук.

“Нашите двајца централни играчи од средниот ред – Карик и Андерсон – беа фантастични против Волфзбург, но мислам дека и Флечер и Сколс беа извонредни на дуелот со Стоук. Тоа ми дава голема главоболка.”

0 коментари: