петок, 9 октомври 2009

Евра очекува дуел со Кристијано Роналдо во ЛШ:


Двата клуба се на добар пат да се пласираат во следната, нок-аут фаза од Лигата на Шампионите иако имаат одиграно по само два натпревари од фазата по групи.

Доколку двете екипи останат на водечките позиции нема да можат да се сретнат во 1/8 – финалето од најпрестижното Европско натпреварување, но Евра е убеден дека судбината ќе ги спои Јунајтед и Реал во некоја подоцнежна фаза.

“Знам дека ќе играме против Реал Мадрид.” – рече францускиот интернационалец.

“Не можам да објаснам. Тоа е само чувство. Но мислам дека ќе играме со нив, можеби уште следната рунда.”

Доколку Кралскиот Клуб се сретне со Црвените Ѓаволи, Евра ќе има за задача да го спречи својот поранешен соиграч Кристијано Роналдо.

“Имам еднаш ирано против него на У21 натпревар, но не заборавајте дека секој ден на тренинзите играв против него. Тој знае дека може да биде многу тешко за него.”

“Роналдо ми беше близок пријател и жалам што замина. Но мора да го прифатите тоа.”

“И главното во Манчестер Јунајтед е тоа што никој не е ѕвезда – клубот е ѕвездата. Сер Алекс Фергусон се обидува да го одржи тоа секоја година.”

0 коментари: