вторник, 13 октомври 2009

Џеко се поблиску до Манчестер Јунајтед:

Един Џеко нема причини зашто да не биде среќен во овие моменти. Неговата Босна обезбеди бараж за СП, а ако се верува на познатиот италјиански менџер, Силвано Мартин, славниот Манчестер Јунајтед е заинтересиран за неговите услуги.

После одличните настапи во дресот на Волфсбург и за репрезентацијата на БиХ, Един Џеко буквално го бркаат европскиот клубови - Милан, Арсенал, Јувентус...

Италјианскиот менаџер Силвано Мартин тврди дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за купување на фудбалерот кој постигна 8 голови за БиХ во квалификациите за Мундијалот.

„Џеко е одлично момче. Неговата трансформација е фантастична. Тој е напаѓач од голема класа кој е гладен за голови како најголемите светски напаѓачи. Во спротивно не е тајна дека сака ода си оди од Волфсбург во некој голем тим. Италјанската Серија А е добро место за него, но мислам дека најмногу шанси има Манчестер Јунајтед.“
- изјави Мартин за „Тутоспорт“.

Менаџерот кој наводно е многу близок со фамилијата на Џеко, смета дека репрезентативецот на БиХ има квалитет да заигре каде било.

Според фактот дека е 2-ор стрелец во квлаификациите зад Вејн Руни (9), најдобра препорака за „босанскиот дијамант“ беше дуелот од ЛШ на Олд Трафорд, каде успеа да ја сруши фантастичната одбрана на чело со Немања Видиќ и Рио Фердинанд. Неговиот тим сепак на крајот остана со празни раце (2:1).

Тогаш посебно доби пофалби од тренерот на „црвените ѓаволи“ Алекс Фергусон, кој според тврдењата на англиските медиуми, е спремен да понуди 12 милиони фунти оштета на германскиот шампион.

Тогаш центарфорот на Волфсбург испрати пофални зборови кон Видиќ, велејќи дека Србинот е најдобриот дефанзивец против кој играл во својата кариера. Дали ќе играат под ист дрес на Олд Трафорд останува да видиме.

0 коментари: