петок, 30 октомври 2009

Јунајтед ’погоден’ од повредени играчи во пресрет на дуелот со Блекбурн:


Рио Фердинанд, Немања Видиќ и Рајан Гигс се неизвесни, додека пак Дарен Флечер, Дени Велбек и Парк Џи Сунг сеуште се надвор од стројот.

Исто така на располагање не е и суспендираниот Гери Невил, кој заработи црвен картон на дуелот со Барнсли во вторникот.

“Се соочуваме со тешка борба за да ги оспособиме играчите за утрешниот натпревар.” – рече Сер Алекс Фергуосн.

Менаџерот на Јунајтед потврди дека инволвираноста на Видиќ на утрешниот дуел ќе биде одредена на денешниот тренинг, откако играчот беше испрати кај специјалист за да извшри проверка на проблематичниот лист на ногата кој го мачи неколку недели.

Сер Алекс Фергусон исто така потврди дека повредата на Парк носи причини за загриженост откако играчот се врати со отечено колено од Кореа.

“Можби ќе треба да почекаме уште неколку недели за негово опоравување.”

Флечер, кој беше надвор од стројот околу еден месец можно е да се врати за дуелот против Челзи следната недела откако вчера започна со тренинзи.

0 коментари: