петок, 30 октомври 2009

Голманот на Леверкузен, Рене Адлер се поврзува со ’Црвените Ѓаволи’:


Црвените Ѓаволи се поврзуваат со голем број на голмани откако Бен Фостер не успеа да покаже дека е правиот човек за наследник на 39 годишниот Едвин ван дер Сар.

Голманот на Интер, Жулио Цесар, голманот на Шалке, Мануел Ноер, Акинфеев од ЦСКА Москва и Диего Лопез од Виљареал беа имињата што медиумите ги поврзуваат со Јунајтед.

Се верува дека Адлер има клаузула во договорот според која може да замине доколку Јунајтед достави понуда, а Германецот беше дел од публиката на минатонеделниот дуел на Енфилд на кој Јунајтед забележа пораз од Ливерпул.

Генералниот менаџер на Леверкузен, Руди Фелер инсистира дека патувањето на Адлер на Островото било само коинциденција и не сакаше да покаже дали голманот ќе се пресели во Премиер Лигата

“Задоволен сум што гледам како играчите премногу се интересираат за својата работа и патуваат толку многу за да гледаат други натпревари.” – рече Фелер за Rheinische Post.

“Среќен сум што Рене се поврзува со големи клубови во моментов, тоа е најдобриот сигнал дека имаме многу добар фудбалер во нашиот тим.”

0 коментари: