недела, 4 октомври 2009

Фергусон незадоволен поради ’слабиот фитнес’ на судијата Ален Вајли:


Вајли, кој беше четврт судија на контроверзното градско дери помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, беше делител на правдата на вчерашниот дуел помеѓу Манчестер Јунајтед и Сандерленд кој заврши 2-2.

Фергусон е незадоволен од судијата и откако го обвини дека не бил доволно фит за да го суди натпреварот додаде дека делителот на правдата треба да продолжи уште една додатна минута поради погодокот на Црвените Ѓаволи во екстра периодот.

“Незадоволен сум од судијата.” – рече менаџерот на Јунајтед. “Тој не додаде ништо за постигнатиот погодок. Тој дозволи да се одиграат четири минути и две секунди.”

Ферги додаде: “Тој исто така одеше на теренот кога падна вториот погодок како да му беше потребен одмор.”

“Тој не беше доволно фит за натпревар од ваков стандард.”

“Темпото на игра бара судија кој е доволно фит. Тој не беше фит.”

“Во странство можете да видите судии кои се многу добро физички подготвени. И ние имаме такви но тој не беше фит.”

“Му беа потребни 30 секунди за да запише кој играч добил картон. Му беше потребен одмор. Тоа беше смешно.”

0 коментари: