вторник, 20 октомври 2009

Фергусон без пет првотимци во Москва:

http://img.thesun.co.uk/multimedia/archive/00437/nani_280x390_437731a.jpg
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон остави пет играчи во Англија, тие нема да земат учество на натпреварот против ЦСКА од Москва.

Црвените ѓаволи гостуваат во Русија на натпревар од Лигата на Шампионите без своите први ѕвезди Вејн Руни, Рајан Гигс, Патрик Евра, Парк Џи-Сун и Дарен Флечер.

Според изјавата на Фергусон, „Рајан Гигс заработи незгоден удар на натпреварот против Болтон па не сакам да ризикувам со него бидејќи ќе биде потребен за натпреварот против Ливерпул“.

Покрај тоа што Фергусон изјавува дека играчите се повредени и не се спремни за игра во Среда сепак повеќе од очигледно е дека тој се подготвува за дуелот од Премиер Лигата против Ливерпул кој ќе се одржи во Недела па со оглед дека неговиот тим има маскимални шест поени по првите две средби во групата Б, три повеќе од второпласираниот Волфсбург и третата ЦСКА, Фергусон има право да ги одмори играчите за многу поважниот натпревар со Ливерпул.

Но и покрај тоа, Манчестер има силна екипа па така во нападот се очекува да започнат Овен и Бербатов додека по средината би играле Валенсија, Сколс, Карик и Нани, селекција на играчи кои нималку не се за потценување.

0 коментари: