понеделник, 19 октомври 2009

Објавени имињата за „Златната топка“:

Денес ќе бидат претставени 30 фудбалери кој ќе се борат за признанието „Златна Топка“ за 2009-та година, кое се доделува од француското списание „Франс Фудбал“.
http://i.dailymail.co.uk/i/pix/2009/01/07/article-1108702-02FA26FD000005DC-228_468x353.jpg

Фаворит за оваа индивидуална награда е Лионел Меси, кој минатата година освои буквално се' што можеше на клубски план. Актуелниот носител на наградата Кристијано Роналдо исто така се наоѓа во листата, но со знатно помали шанси за разлика од минатата година.

Нажалост, меѓу номинациите нема македонско име, а кој од 30те фудбалери ќе го грабне трофејот ќе дознаеме на 6-ти Декември оваа година.

Кандидати за Златната топка:

Андреј Аршавин, Карим Бензема, Икер Касиљас, Кристијано Роналдо, Диего, Дидие Дрогба, Един Џеко, Самуел Ето, Цеск Фабрегас, Фернандо Торес, Диего Форлан, Стивен Жерард, Рајан Гигс, Јоан Гуркуф, Тиери Анри, Златан Ибрахимовиќ, Андрес Иниеста, Жулио Цезар, Рикардо Леите "Кака", Френк Лампард, Даглас Маикон, Лионел Меси, Луис Фабијано, Франк Рибери, Вејн Руни, Џон Тери, Немања Видиќ, Давид Виља, Чави Ернандес, Јаја Туре.

0 коментари: