петок, 9 октомври 2009

’Големите очекувања’ главен мотиватор за Ферги:


Шкотот, кој во јануари ќе наполни 68 години, следниот месец ќе прослави 23 години на клупата на Манчестер Јунајтед.

Откако го напушти планот за пензионирање во 2002, Фергусон успеа да додаде голем број на трофеи во неговиот резиме кое сега вклучува, 11 титули во Премиер Лигата, два триумфа во Лигата на Шампионите, пет ФА Купови и два Лига Купови.

“Кога сте менаџер на овој клуб секој ден се соочувате со очекувања.” – Фергусон е цитиран од Manchester Evening News.

“Тоа е она што ве мотивира и ве тера да продолжите. Овде има многу лесна мотивација.”

“Имате очекувања од клубот и од играчите со кои морате да се справите.”

“Во клубот има некои одлични играчи. Потоа станува дел од процесот. Лесно е да се влезе. Тоа предизвикува многу лесно да се задржи мотивацијата постојано.”

0 коментари: