понеделник, 5 октомври 2009

Сер Алекс Фергусон се соочува со обвинение од ФА:


ФА потврди дека Дисциплинската Комисија ги разгледува коментарите на стратегот на Јунајтед дадени по натпреварот со Сандерленд.

Се шпекулира дека Вајли е ’многу вознемирен’ поради нападот на Сер Алекс кој го обвини делителот на правдата дека не е доволно фит за да биде судија на натпревар од топ ниво.

Веднаш по ремито против Сандерленд во кое Манчестер Јунајтед дојде до бод благодарејќи на авто-голот на Ентоан Фердинанд во судиското продолжение Вајли беше обвинет дека ’е недоволно фит за натпревар од ваков тип’ и дека ’ на арбитарот му биле потребни 30 секунди да го запише жолтиот картон во бележникот со цел да се одмори’.

Пред само две недели Манчестер Сити беа гневни откако Фергусон се шалеше со Вајли, кој беше четврт судија на градското дерби и контроверзната победа на Јунајтед од 4-3 над Сити на Олд Трафорд.

Но Ферги овој пат воопшто не беше пријателски настроен кон Вајли и сега се соочува со казна бидејќи и претходно ФА ги предупреди менаџертите да не даваат изјави за медиумите поврзани со судиите.

0 коментари: