четврток, 8 октомври 2009

Пол Погба легално во Јунајтед:

Скаутите на Манчестер јунајтед го обележија младиот Пол Погба како надежен фудбалер, но трансферот на францускиот тинејџер се искомплцира.Image
Имено трансферот не можеше да биде реализиран, бидејќи ФИФА пронајде слични нерегуларности поради кои Челзи беше казнет со тоа што нема да смее да купува фудбалери во наредните два транфер периоди. Претседателот на Ле Авр, Жан-Пјер Лувел, ја обвини управата на „црвените ѓаволи“ дека сака да им го украде нивниот млад талентиран фудбалер, по што ФИФА покрена истрага.

По истрагата, беше докажано дека се што направиле од „Олд трафорд“ е легално и дека процесот на трансферот може да продолжи. Од друга страна, Ле Авр инсистира на тоа Пол Погба да остане во матичниот клуб во Франција се до неговото полнолетство. Тој сеуште се води како аматер, а Ле Авр не можеле да го „врзат“ со договор, бидејќи француските закони не дозволуваат потпишување на професионален договор поради неговата возраст. Тоа во Англија не е случајност, па така Манчестер јунајтед го искористи ова за да го доведе во своите редови младиот талентиран фудбалер.

0 коментари: