вторник, 13 октомври 2009

Ван дер Сар му дава поддршка на Бен Фостер:


Иако Бен Фостер му е директна конкуренција за првата голманска позиција во Манчестер Јунајтед, Ван дер Сар му дава поддршка на англискиот голман.

"Бен сигурно има цврст карактер кој е потребен да го надмине сето ова низ кое поминува и начинот на кој ќе се справи ќе го оформи како играч" - изјави Ван дер Сар.

"Тој е многу силен. Никој немал едноличен пат во својата кариера, сите имаат успони и падови, но треба да бидете сигурни дека падовите не се толку длабоки колку што се високи успоните".

"Јас имав слични проблеми кога бев млад. Но тоа е она што ќе ве направи да станете добар голман".

Ван дер Сар настапи за резервниот тим на Јунајтед против Евертон и вели дека е подготвен да се бори за враќање во првиот тим.

"Сакам да се вратам на моето место назад".

"Играњето за резервниот тим минатиот вторник беше идеален момент за мене по мојата повреда која се случи пред почетокот на сезоната. Ми беше потребен тој натпревар" - заврши голманот.

0 коментари: