среда, 21 октомври 2009

Ферги ’срамежлив’ околу шпекулациите за ангажман на Акинфеев:


Фергусон ќе може одблизу да се увери во квалитетите на Рускиот интернационалец на вечерашниот дуел на Лужички Стадионот помеѓу ЦСКА Москва и Манчестер Јунајтед.

23 годишниот Акинфеев се естаблираше како еден од најдобрите голмани во Европа во последната година, и извештаите на медиумите од Русија и Англија, говорат дека Црвените Ѓаволи се фаворити за потписот на високо ценетиот чувар на мрежата.

Сепак, Фергусон во пресрет на дуелот со ЦСКА Москва не сакаше да говори многу за Акинфеев и рече дека Бен Фостер и Томаш Кушчак се добра опција за замена на Едвин ван дер Сар, кога 38 годишнито Холанѓанец ќе се реши да се пензионира.

“Не можам да се справувам со шпекулациите бидејќи во моментов имаме двајца добри млади голмани во клубот во Кушчак и Фостер и иднината лежи во нив.” – рече Фергусон.

“Кога Едвин ван дер Сар конечно ќе ја донесе одлуката за пензионирање, прилично убеден сум дека некој од овие двајца игарчи ќе го наследи.”

0 коментари: