вторник, 27 октомври 2009

Адлер на листата на Ферги:

Голманот на германската репрезентација, Рене Адлер е последното име на списокот на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фегусон, како потенцијален наследник на Едвин ван дер Сар.

Адлер, кој минатата година беше прогласен за најдобар голман во Бундес лигата, сезонава брани во одлична форма и од тие причини Фергусон побарал скаутите на Јунајтед почесто да ги следат неговите настапи.

Фергусон најави дека следното лето приоритет му е ангажирање на нов чувар на мрежата, а покрај Адлер на списокот на менаџерот на Манчестер Јунајтед се наоѓаат неговиот сонародник Мануел Нојер од Шалке како и чуварот на мрежата на ЦСКА од Москва, Игор Акинфеев.

0 коментари: