недела, 25 октомври 2009

Ливерпул 2 - 0 Манчестер Јунајтед

Тимот на Ливерпул се чини на најдобар начин испаѓа од кризата после денешната победа од 2-0 над вечниот конкурент Манчестер Јунајтед.

Image

Со оваа победа во тимот на црвените од Енфилд со сигурност ќе се врати самодовербата и после 4 порази во низа ќе успеат да фатат приклучок кон горниот дел од табелата.

Очекуваното враќање на Енфилд на Мајкл Овен се случи во 72. минута од натпреварот кога легендата на Ливерпул го замени Димитар Бербатов.

Двата тиме одиграа исклучително нервозем натпревар во кој што Фернандо Торес го поведе својот тим кон успех со погодок во 64. минута од натпреварот. Вториот погодок за домаќините падна во продолжението од натепреварот кога целиот тим на Јунајтед беше стациониран на половината на Ливерпул, погодокот беше дело на Давид Н’Го.

Гостите неколку пати имаа сериозни забелешки кон одлуките на судијата Мартин Аткинсон, кој што во неколку случаи отворено судеше за Ливерпул.Пред паузата Аткинсон не досуди фаул за

Карик во казнетиот простор на домаќините после стартот од Џејми Карагер. Кон крајот на натпреварот повторно Карагер заслужи да добие црвен картон откако доста грубо го фаулираше Мајкл Овен но судијата се реши само за жолт. Нервозниот дуел на крајот заврши со два црвени картони - по еден за Немања Видиќ и Хавиер Маскерано.

Овој пораз е втор во сезонава за Манчестер Јунајтед, после поразот на домашен терен од Барнли. Ливерпул пак ја забележа првата победа после четирити порази по ред.

Моја анализа:
Тежок пораз за нас не игравме толку лошо не ни игравме ни најдобро ни фалеше Флечер нашиот креативец керик неможеше да го замени додека Руни е Евра не беа опоравени од повредата.За да не навлзезем во криза треба да победиме на следниот меч против Барнсли на гостински терен во рамките од 4- то коло од Карлинг Купот во Вторник.Поздрав!




0 коментари: