среда, 28 октомври 2009

Барнсли 0 - 2 Манчестер Јунајтед

Тимот на Манчестер Јунајтед се пласираше во 1/4 финалето во Карлинг купот после победата над Барнсли со 2-0 како гости.
The image “http://www.pic.mk/images/michaelowe.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.
Тимот на Алекс Фергусон и овојпат го заврши натпреварот со 10 играчи на теренот откако капитенот Гери Невил заработи црвен картон во 63. минута. Сепак до тој момент тимот веќе имаше добра предност од 2-0 а стрелци на погодоците беа Овен и Валбек.

Ова беше прв натпревар на овие противници во Карлинг Купот а нивната последна средба во Премиер Лигата беше во Мај 1998 година кога Манчестер Победи со истиот резултат.

Шампионот на Англија го започна натпреварот доста офанзивно па затоа и уште во 6. минута Валбек со глава донесе предност за Јунајтед од 1-0.До крајот на полувремето гостите ги држеа конците во своја рака и постојано беа со топката во нозете но не успеа по втор пат да погодат се до 59. минута кога Овен со прецизен и елегантен удар го совлада домашниот голман.



0 коментари: