среда, 7 октомври 2009

Руни цели кон голгетерскиот рекорд на Сер Боби Чарлтон со Англија:


23 годишниот напаѓач на Манчестер Јунајтед веќе има 25 погодоци зад своето име од 55 настапи за Англија.

Сегашниот рекорд е во сопственост на Сер Боби Чарлтон и Рони признава дека цели да стане прв стрелец на својата репрезентација.

“Разговарав со Сер Боби минатата недела и дискутиравме за играњето и постигнувањето погодоци за Англија.” – рече Руни за Daily Star.

“Ќе биде остварување на сонот доколку го сторам тоа (најдобар стрелец во дресот на Англија) и тоа ми значи многу на мене.”

“Ќе биде фантастично доколку двајца играчи на Манчестер Јунајтед се наоѓаат на првите две места на таа листа.”

“Но не сакам пред време да го отпишам Мајкл Овен бидејќи и тој има шанса да стигне до рекордот.”

Руни признава дека сега неговата права желба во неговата кариера е да освои што е можно повеќе медали за клубот и земјата.

“Понекогаш размислувам за тоа колку далеку можам да одам во мојата кариера и што можам да освојам.”

“Се работи за трофеи, нели? За Манчестер Јунајтед и Англија. Тоа е она за што играм. И сакам да станувам подобар и подобар.”

0 коментари: